Цервикална Патологија

Цервикална Патологија Анатомија на женските полови органи

Женските полови органи или гениталии, во себе ги вклучуваат вагината, матката, фалопиевите туби и јајниците (овариумите). Тие се наоѓаат во малата карлица, помеѓу ректумот (дебелото црево) и мочниот меур.

Јајниците имаат 2 основни функции:
  1. Произведуваат хормони - естроген и прогестерон.
  2. Секој месец ослободуваат јајце-клетка (овулација).
Хомоните произведени од јајниците ја регулираат овулацијата и ја подготвуваат матката за бременост. Кога јајце-клетката ќе се ослободи од јајникот, патува низ фалопиевите туби до матката. Доколку не се оплоди, таа ја напушта матката со менструацијата.

Дијагностика и лекување на цервикалната патологија

Најнискиот дел на матката се нарекува цервикс или грло на матката и се отвара во вагината, помеѓу мочниот меур и дебело црево. Цервиксот доаѓа во контакт со спермата при сексуален однос без заштита, а тоа го чини ранлив на полово преносливи болести. Некои од овие болести можат да доведат до развој на цервикален рак. Цервикалниот рак има неколку степени на преканцерози (ASCUS; CIN-1; CIN-2; CIN-3; CIS), но доколку навреме биде детектиран, може успешно да се излечи. Со помош на микроскоп, наречен колпоскоп, цервиксот и неговите преканцерозни промени се набљудуваат во зголемени димензии, а со помош на специјална четкичка се зема материјал од сомнителните зони на цервиксот (егзоцервикално) и од каналчето на цервиксот (ендоцервикално) - ПАП-тест. Материјалот се фиксира на предметно стакло и се гледа од доктор-патолог, кој би можел да идентифицира инфекција со бактерии или вируси, преканцерозни промени или рак на грлото на матката. Колку порано ќе се откријат клеточните абнормалности на цервиксот, толку поуспешно ќе биде лекувањето.

Доколку колпоскопскиот преглед, во комбинација со ПАП-тестот, откриваат информација за абнормалност, се изведуваат најразлични интервенции - биопсија, конизација, ласерско лекување, конзервативно лекување. Исто така, лекувањето зависи и од тоа дали пациентката завршила со репродукцијата или не.

Кога жената редовно се контролира, не постои никаков ризик од рак на матката.

HPV (Human Papiloma Virus) и ризикот од рак на цервиксот

Хуман папилома вирус инфекцијата е полно пренослива болест.
Полните односи се главниот начин на пренесување на инфекцијата со ХПВ вирусот. Со овој вирус истовремено се инфицират двајцата полни партнери, што треба да се знае поради самото откривање, дијагностицирање и лекување.
Во мојата долгогодишна пракса често сум имал можност да дијагностицирам ХПВ инфекција и кај девојки кои биле virgointacta(кои немале полни односи), со локализација на надворешните полни органи или околу анусот. Тоа е доказ дека ХПВ инфекцијата не се пренесува исклучиво со полни односи. Но повторно мора да се нагласи дека полните односи се главниот и најчест начин за инфекција. Во случаевите кои предмалку ги спомнавме ХПВ инфекцијата се шири преку непосреден допир со инфицирана кожа или слузокожа. Мора да се знае дека покрај на полните органи, инфекцијата со ХПВ вирусот исто така може да се јави и на слузокожата на устата, грлото како и на очите. Бројот на инфицираните со ХПВ вирусот е во прогресивен пораст во светот но и ние не заостануваме многу во тој тренд. Најмногу со ХПВ е инфицирана младата популација и тоа на возраст од 12 до 20 години. Прецизни податоци за инфекцијата со ХПВ вирусот на ниво на нашата Република тешко можам да изнесам, но со сигурност можам да потврдам од мојата долгогодишна пракса како и во контактите со моите почитувани колеги, бројот на пациентите со ХПВ инфекција најмалку е за 2-3 пати зголемен. Тоа е пред се и резултат на модерната опрема и дијагностика која веќе постои во нашата Република.

Кој најчесто заболува и која е ризичната група

Во уводниот дел веќе спомнав тоа е младата популација на возраст од 12 до 20 год. Тоа се должи најчесто на непромислените и неодговорни полни односи без заштита, за една вечер и полови одности со повеќе партнери. За тоа сигурно допринесува и времето во кое живееме и телевизиските програми кои изобилуваат со многу лесно достапна порнографија.

Колку време поминува од инфекцијата со ХПВ вирусот до првите симптоми

Од половиот контакт без заштита до првите симптоми за ХПВ инфекција просечно се потребни 90 дена. Од тоа јасно произлегува дека со започнувањето на првите полни односи и започнува ризикот од ХПВ инфекцијата како и ризикот од останатите полно преносливи болести. Затоа од сето ова и произлегува правилото со почетокот на половите контакти следи и првата посета кај гинеколог во рок од 3 до 6 месеци рачунајќи од првиот полов однос.

Кои се симптоми за препознавање на ХПВ инфекција

Нажалост најголемиот број на мажи и жени, посебно младата популација на возраст од 12 до 20 год. немaат никакви симптоми и воопшто незнаат дека се инфицирани со ХПВ вирус. Тоа значи непостојат карактеристични симптоми во почетниот период. Токму во тој временски период е најдобро да се посети својот гинеколог кога вирусот многу полесно се дијагоностицира и лекува. Со времето како напредува болеста паѓа имунитетот и следи дополнителна инфекција со други бактерии како што се chlamidia, micoplazma, ureaplazma, candida и слично, со што се отвара пат за продор на инфекцијата во јајцеводите и јајниците што води до оштетување на овие органи и појава подоцна на брачна неплодност. Последиците во моментот се невидливи и тоа ќе дојде до израз при влегувањето во брак и желбата за мајчинство. Со навременото откривање и лекување на ХПВ инфекцијата се елиминира и ризикот од компликации како и воспалението на јајцеводите, а тоа всушност е и превенција на брачната неплодност.

Што се тоа генитални брадавици

Гениталните брадавици за кои почесто се користи терминот кондиломи кај женската полулација се појавуват најчесто на надворешните полни органи, околу анусот, вагината и вратот на материцата. Кај мажите се појавуват на полниот орган-пенисот. Брадавиците јасно зборуваат за видлива ХПВ инфекција со ниско ризични вируси и тоа тип 6 и тип 11. Овие така наречени ниско ризични ХПВ вируси најчесто се безопасни. За ниво лекување постојат избор од многу лекарства и методи. Малите успешно се лекуваат со премачкување со медикаменти или масти. Поголемите и поагресивните се лекуват со електрокоагулација, ласер, хирушко отстрануваање или течен мраз.

Како се дијагностицира ХПВ инфекцијата

ХПВ се дијагностицира со комплетен гинеколошки преглед кои се состои од:

Колпоскопија - представува преглед со специјален микроскоп на надворешните полни органи, на вагината, вратот на материцата како и преглед на пенисот на мажот.

Папаниколау тест – популарно познат како ПАП тест- преставува земање на брис со четкица од вратот и каналчето на материцата за откривање на ХПВ инфекција и евентуални ЦИН-промени.

Специјален брис за детекција и типизација на ХПВ инвекција.

Од 150 типови на ХПВ, досега се идентификувани повеќе од 80 типови и се нумерирани со броеви. Поделени се во 3 групи.

Високо ризични – 16, 18, 45, 56, 58 Средно ризични – 31, 33, 35, 51, 52 Ниско ризични – 6, 11, 42, 43, 44

Најважната информација што е посебно важна е таа дека ХПВ инфекцијата со високо ризичните типови неоткриена и нелекувана правовремено може да доведе до појава на рак на грлот на материцата. Иако знаеме дека брадавиците ги предизвикуваат ниско ризични ХПВ вируси, сепак несмее да се заборави дека често и високоризичните типови можат да се манифестираат со појава на брадавици.

Што е тоа ЦИН 1, ЦИН 2 или ЦИН 3

Развојот на инфекцијата со ХПВ се манифестира со промени на вратот на материцата познати како:

ЦИН 1 – промени од лесен степен или мал ризик ЦИН 2 – промени од среден степен или среден ризик ЦИН 3 – промени од тежот степен или висок ризик

Наод само на ХПВ или пак ХПВ со ЦИН 1, што го имаме најчесто во нашата пракса не претставува сериозен проблем бидејќи со текот на времето и со лекувањето во најголемиот број случаеви исчезнува. Исто така треба да се каже дека и ЦИН 2 со лекување и време може да исчезне. Веќе дијагнозата на ЦИН 3 бара задолжително лекување бидејќи тој процес е неповратен и високо ризичен. Сакам да повторам уште еден пат дека ЦИН промените не се почеток на појава на рак како што најголемиот број на неинформирани жени го сваќаат и во нашата пракса го имаме како секојдневен проблем. Нашата порака е овие ЦИН промени навремено да се откријат и лекуваат бидејќи тоа е патот за превенција од појава на рак на грлото на материцата.

ХПВ кај мажите

Инфекцијата со ХПВ кај мажите најчесто е невидлива, нема некој симптоми кои би упатиле на инфекција со ХПВ. Кај мал број на мажи ХПВ инфекцијата се манифестира на потполно идентичен начин како кај жените. Тоа значи појава на брадавици на пенисот. Исто како кај жените кај мажите се појавува ЦИН 1, ЦИН 2, ЦИН 3, со таа разлика што терминот кај нив е ПИН 1, ПИН 2 , ПИН 3. Кај мажите инфекцијата со ХПВ од низок ризик предизвикува брадавици и ПИН 1. Што се однесува до дијагностиката на ХПВ кај мажите потполно е идентична како и кај жените. Од пенисот се зема брис за ПАП тест и во исто време се земе брис за ХПВ детекција и типизација. Следи пенископија со истиот микроскоп како кај жените. Треба да се нагласи дека сите овие испитување се лесни и безболни. Лекувањето на ХПВ промените кај мажот е идентично како кај жените.

Дали постои вакцина против ХПВ

Да постои. Во Америка и ЕУ веќе е одобрена. Вакцината е регистрирана под името Гардасил. Вакцината посебно е наменета за девојќи и жени на возраст од 9 до 26 години. Вакцината ќе обезбеди заштита од ХПВ тип 6, 11, 16 и 18, кои се најчести и носат ризик од рак на вратот на материцата. Се надеваме дека ова вакцина наскоро ќе биде достапна и во нашата Република.

Како да се заштитиме од ХПВ

- Да се откажеме од срамот и незнаењето како главни причинители на порастот на полно преносливите болести. - Неприфаќајте полни односи без заштита-кондом. - Задолжително инсистирајте да партнерот користи кондом и при орални односи. - Личната хигиена на полните органи одржувајте ја максимално. Во никој случај немојте да користите долна облека или пешкир од својата другарка пријателка и слично. - Првиот преглед кај гинеколог треба да следи во рок на 3 до 6 месеци рачунајќи од првиот полни однос. - Појавата на вагинален исцедок со чешкање, мирис познат како бело прање е првиот сигнал за да се јавите кај вашиот гинеколог.