Дијабетес и Бременост

Дијабетесот претставува една од најчестите компликации во текот на бременоста. Може да биде прегестациски ( пред бременоста ) и гестациски дијабетес кој се појавува само за време на бременоста.

Прегестацискиот дијабетес кој се развил пред забременувањето води до големи ризици за текот на бременоста и за плодот. Колку повеќе е оштетен организмот на мајката толку поголеми се компликациите во текот на бременоста. Сите жени со прегестациски дијабетес и со желба да останат бремени, треба 6 месеци пред забременувањето строго да се контролираат. Со редовните контроли ризокот от компликации се сведува на минимум. Диетата има голема улога во подржувањето на добрата контрола на дијабетесот.

Гестацискиот дијабетес е дијагностициран за време на самата бременост. Kaј жени со висок ризик (зголемена тежина, дијабетес во фамилијата, гестациски дијабетес во претходна бременост) се прави скрининг оптеретување со гликоза помеѓу 24 и 28 гестациска старост на бременоста.

Жените кај кои ке се дијагностицира дијабетес треба да се следат и после бременоста бидејќи повеќе од половината развиваат дијабетес тип 2 до 20 години. При гестацискиот дијабетес ризикот од појава на аномалии на плодот не е зголемен, но при зголемена гликeмија на гладно зголемен e процентот на необјаснета интраутерина смрт на плодот во последните 4 – 8 недели од бременоста. Kaj овие бремени хипертонијата и царскиот рез се почести. Органите на плодот кај мајка со дијабетес се зголемени. Плодот е макрозомен со тежина над 4000 грама. Мајката има зголемени нивoа на гликeмија. Гликозата преминува преку плацентата во крвта на плодот и предизвикува секреција на големи количини на инсулин. Тој делува како хормон на растење и го стимулира наrаснувaњето на телото на плодот, a се засилува и депонирањето на масти во масните депoа. Најсилно се зафатени рамењата и мевот на плодот. Затоа кај овие бебиња е честа рамената дистокија, која представува исклучително ризична ситуација и треба многу бргу да се реши за да се роди здраво бебе.

Лекувањето на гестацискиот дијабетес треба се лекува со диета. Ако нивото на гликeмијата не успее да се регулира со диета се започнува терапија со инсулин. Умерената физичка активност е многу корисна.