Хистероскопија

Што представува хистероскопијата?

Хистероскопијата представува оглед на внатрешниот дел на матката со помошта на оптичен телескоп наречен хистероскоп.

Хистероскопијата се применува со диагностичка цел или како хируршка метода за лекување на определени состојби.

Зошто е потребна хистероскопијата?

Хистероскопијата дозволува на лекарот да ја разгледа внатрешноста на матката во детали.Хистероскопот се воведува внимателно преку вагината и грлото на матката во нејзиниот внатрешен дел , а лекарот ( операторот ) го следи секое свое движење на специајални монитори. За време на хистероскопијата може да се земе и биопсија од слузницата на матката за испитување.

Хистероскопијата се користи за откривање на причината за следните симптоми како на пример:

  • Невообичаено крварење
  • Стерилитет
  • Предходни проблеми со износување на бременоста
  • И други гинеколошки заболувања
Хистероскопија

Со помош на хистероскопијата можат да бидат отстранети полипи, септуми или прегради на матката,миоми на матката кои се наоѓаат на внатрешниот дел на од истата.

Хистероскопијата обично трае околу 20 до 30 минути.Процедурата може да биде направена без анестезија ако само се прави оглед на внатрешниот дел на матката или со анестезија ако се прави оперативна интерванција, што значи не се чувствува никаква болка.Во случај кога се прави хистероскопијата потребно е да не се прима храна и течности 6 часа пред анестезијата.Кога се влезе во матката со специјална HD камера која е прикрепена за хистероскопот дозволува на операторот да добие јасна слика на HD монитор.За да се гледа подобро внатрешноста на матката се исполнува со течност.После завршување на огледот или оперативната интервенција хистероскопот се вади лесно и брзо. Најчесто после неколку часа од хистероскопијата може да се оди дома.

Што да очекувам после извршена хистероскопија?

Може да чувствувате слаба абдоминална болка која бргу поминува по прием на аналгетици. На денот на направената хистероскопија потребно е да одмарате.

Првиот менструален циклус после процедурата може да биде потежок и подолг од обичајниот циклус и наредните неколку циклуси исто така може да бидат неправилни што не значи дека и така мора да биде. За да се избегне ризикот на инфекција тампони не трба да се користат во наредни два месеци после хистероскопија.

Во зависност од тоа што е работено треба да избегнувате сексуални односи од една до три недели после хистероскопијата.

Пред да донесете решенија и да ја дадете својата согласност за извршување на хистероскопија треба да бидете информирани за можните компликации од хистероскопијата.

Треба да го информирате вашиот лекар ако болката продолжува повеќе од 48 часа, ако е силна и остра болка, ако имате подуеност на абдоменот, ако имате покачување на телесната температура и ако имате темен вагинален исцедок со непријатен мирис.

Во некои случаи хистероскопијата не може да биде успешно завршена и е неопходно да се повтори.

Во многу редки случаи можно е матката да се повреди или перфорира ( продупчи ) за време на операцијата, кое може да доведе до крварење или инфекција кои бараат соодветен третман.

Компликациите исто така зависат од видот и сложноста на оперативната процедура како и од општата здраствена состојба на пациентката.