Кога треба да се сметета дека менструацијата протекува како матково крварење?
Менструација која трае повеќе од 7 денови се смета како менструално крварeње. Крвта се губи во вид на сосироци или струјно што води до малаксаност, слабост, бледост на кожата и лигавиците и снижување на крвниот притисок.
Постојат циклични и ациклични маткови крварења.
Цикличните крварења се појавуват во деновите на менструација, додека ацикличните крварења можат да се појават во секое време, да бидат доста продолжени и да траат со недели, дури и месеци.
Основни причини за цикличните крварења се: миом на матката, ендометриоза на матката, воспаление на лигавицата ( ендометриум ) на матката, заболувања на крвта при кои е нарушена функцијата на сосирување на крвта.
Основни причини за ацикличните крварења се: хиперплазија и полип на ендометриум, хормонални нарушувања како резултат на намален прогестерон и зголемен естроген, нарушена маточна и вонматочна бременост, карцином на грлото и ендометриумот на матката.
Што треба да се направи при крварење:
Задолжително треба да се консултирате со лекар. Долгортајните крварења, дури и слаби, можат да предизвикат оштетување на животно важни органи како што се срцето и мозокот.
Основни методи за дијагноза на крварењето се:
Како се лекува крварењето?
Лекувањето на крварењето зависи од причините кои го предизвикуваат. Треба да се знае дека лекувањето е строго индивидуално и различно кај секоја жена во зависност од причините кои го предизвикуваат.