Стерилитет

Што се подразбира под стерилитет?

За стерилитет може да се зборува кога одереден брачен пар не може да постигне бременост повеќе од 6 месеци, без притоа да користи средства за контрацепција.

Дали стерилитетот е сè помасовна појава?

Веројатно да. Постојат многу причини за тоа. Голем број жени стапуваат во брак во своите подоцнежни години и голем дел од нив имаат проблеми со забременувањето. Своја улога одигрува и зачестеноста на сексуално преносливите болести. Многумина имаат повеќе од еден сексуален партнер, а со тоа се зголемува и ризикот за стекнување некоја заразна болест. Овие инфекции водат до блокада на јајцеводите. Истражувањата покажуваат дека секој шести пар има проблеми со стерилитет.

Стерилитет

Кои се главни причини за стерилитетот?

Постојат многу причини за стерилитет - и кај мажот, и кај жената. Кај мажите тоа може да биде продуцирањето мал број или неподвижни сперматозоиди, или пак никаква продукција на сперма. Кај жените причина можат да бидат ановулаторните циклуси или нередовните менструации, блокираните туби, ендометриозата, миомите на матката. Исто така, може да се случи во цервикалниот мукус кај жените да се појават антиспермални антитела.

Спермограм (испитување на сперма)

Критериум за анализа на спермата е земањето примерок по периодот на апстиненција од 2-3 дена. Примерокот се дава во стерилно стаклен или пластичен сад. Во нашата поликлиника има специјална просторија за давање примерок. При стандардното испитување на спермограм се добиваат информации за волуменот на спермата, бројот на сперматозоиди и процентот на активни, фалични и мртви сперматозоиди. Се изготвува анализа на нивната морфологија и подвижност, а се проверува и бројот на леукоцити и присуството на аглутинати.

Хистеросалпингографија (HSG i HSSG)

HSG е рендгенска, а HSSG е ултразвучна слика на матката и фалопиевите туби која дава информации за аномалиите на утерусот и проодноста на јајцеводите. Испитувањето има не само дијагностичка, туку и терапевтска цел, поради фактот што при вбризгувањето на течниот контраст тубите се „отвораат“.

Хормонски испитувања

Кај жените најчесто се испитуваат FSH, LH, Estradiol, Prolaktin, Testosteron, Progesteron. Хормонските вредности се испитуваат доколку пациентката има нередовни менструации или воопшто ги нема, при подготовка за IVF. Кај мажите се испитуваат FSH и Testosteron. Доколку вредноста на FSH е висока, тогаш постои сомнеж за слаба продукција на сперма. Ако вредноста е нормална, а дијагнозата е Azoospermija, тогаш може да се заклучи дека постои блокада и спречување на сперматозоидите во ејакулатот. Во такви случаи, пациентот се праќа на андролог.

Ендометриоза

Ендометриозата е заболување кај коешто слузокожата или ендометриумот на матката се всадува на нетипично место - на пример во јајниците, фалопиевите туби, во миометриумот на матката, по внатрешниот ѕид на малата карлица итн. Со всадувањето на тоа ткиво се јавуваат одредени проблеми - во јајниците се ствараат „чоколадни“ цисти, а тубите се запушуваат и извиткуваат. Таквите пациентки имаат силни болки при менструација. Дијагнозата најчесто се поставува кога пациентките доаѓаат за лекување на стерилитетот со лапароскопскиот метод.

Инсеминација

Инсеминацијата е метод на репродукција со асистенција, преку вбризгување на претходно прочистена сперма во цервиксот или во матката. За оваа цел се користи специјален катетер за цервикална или интраутерна инсеминација. Инсеминацијата се применува кај парови кај кои се јавува намален број сперматозоиди или пак постојат одредени аномалии на цервиксот, коишто ја попречуваат проодноста на сперматозоидите низ него. На тој начин оваа бариера успешно се прескокнува.

IVF - Вонтелесно оплодување

Вонтелесното оплодување во секојдневниот говор е попознато како „бебе од епрувета“. Принципот на овој метод на репродукција со асистенција се состои во стимулирање на јајниците за производство на поголем број јајце-клетки, пункција на фуликулите. Зрелите јајце-клетки се ставаат во специјални лабораториски услови со сперматозоидите, коишто се претходно обработени и прочистени. Приближно 100.000 сперматозоиди се собираат околу една јајце-клетка. По 3 до 5 дена, оплодените јајце-клетки или ембриони, се враќаат во матката. Оваа постапка уште се нарекува и ембрио-трансфер.
Процентот на успех зависи од многу фактори, од кои поглавни се: возраста на пациентката, причината за стерилитет, квалитетот на IVF програмата.

ICSI-Микрофертилизација

Овој метод се смета за револуционерен во областа на современата репродукција со асистенција. Кај него сперматозоидот, преку специјална пипета, директно се вбризгува во јајце-клетката и на тој начин се пробива зоната пелуцида, како негова главна пречка. Доколку фертилизацијата е успешна, тогаш наредниот ден ќе се видат две мали кружни структури наречени пронуклеуси.

TESA И MESA

TESA - тестикуларната биопсија се применува кај пациентите со опструктивна азооспермија или неопструктивна азооспермија предизвикана од хипосперматогенеза, нарушување на матурацијата на сперматозоидите.

MESA - микрохируршката епидидимална аспирација или PESA - перкутната епидидимална аспирација претставуваат можни начини за добивање епидидимални сперматозоиди при опструктивна азооспермија.

Овие два методи се користат заедно со ICSI методот при машкиот стерилитет. Како причини за машкиот стерилитет најчесто се јавуваат различните инфекции, сексуално преносливите болести, заболувањето варикоцеле, ендокрините нарушувања и генетските аномалии.



Совети како да се избегне брачната неплодност


Користете презервативи

Абортусот може да биде една од причините за брачна неплодност. Абортусот представува ризик за здравјето, особено за жени кои не завршиле со репродукцијата. Постојат и други начини за да се заштитиме од несаканата бременост, како што се користење на презервативи, хормонална контрацепција, дијафрагми, спирали и др. Најризичен метод е прекинување на половиот акт.

Избегнувајте ги абортусите

При абортусот плодот се отстранува преку киретажа на матката. Понекогаш после таа манипулација остануваат делови од плодот во матката кои представуваат иделна средина за размножување на бактерии кои предизвикуваат инфекции. Овие инфекции можат да доведат до оштетување на јајцеводите и до стерилитет.

Прекинете со пушење

Пушењето ја оштетува репродуктивната функција кај жената и пречи на нормалното развивање на плодот. Дури и ако мајката остане бремена има ризик нејзиното дете да се роди со помала тежина од нормалната, познато како интраутерина ретардација на плодот.

Еднаш во годината посетете го вашиот акушер-гинеколог

Годишниот превентивен гинеколошки преглед е задолжителен за секоја жена, која што води полов живот. Специјалистите препорачуваат на жените кои што се над 35 години да прават по 2 гинеколошки прегледи во годината. Со превентивните прегледи можат да се откријат и лекуваат заболувањата кои водат до брачна неплодност.

Не лекувајте се сами без консултација со вашиот лекар

Симптомите кај некои заболувања се губат, но последиците остануваат. Симптомите на некои посериозни заболувања често пати се препокриваат со симптомите на полесни заболувања, како што е габичната инфекција. Некои воспаленија можат да поминат дури и без симптоми. Најопасно е заболувањето да го оставиме да помине само од себе.

Избегнувајте ги непромислените полови контакти

За жал презервативот може да не заштити од малку заболувања, основно од сида. Добрата лична хигиена не е гаранција за безопасен секс. Ограничувањето на непромислените полови контакти е нај- сигурниот начин да се заштитиме од половите инфекции и болести.

Специјалистите советуваат да го родите првото дете до 30 годишна возраст

После 30-годишна возраст јајниците произведуваат се помалку јајце клетки со нормална структура. Во повеќето случаи забременувањето после 40 години по нормален начин е речиси невозможно. Освен тоа успешното имплантирање на ембрионот во понапредна возраст е драстично намалено.