За Нас

Специјална болница по гинекологија и акушерствo Д-р "Органџиски“ е првата приватна болница во источна Македонија.
Започна со работа како ординација основана на црковниот празник Мала Богородица, 21-ви септември во далечната 1992 година. Тоа беше првата приватна гинеколошка ординација во Р. Македонија. Се наоѓа во градот Штип, кој е географски и административен центар на источна Македонија. Ординацијата за овие 32 години прерасна во бренд препознатлив во цела Македонија и многу пошироко од нејзините граници, со што прерасна во Специјална болница по гинекологија и акушерствo Д-р "Органџиски“.
Во текот на нашето постоење, целосно сме посветени на проблемите со зачнувањето со отворањето на центарот за ИН ВИТРО, нормални породувања, породувања со царски рез, лапароскопски и хистероскопски операции и отворена хирургија, сите гинеколошки и акушерски прегледи и дијагностички методи, најсовремена лабораторија.
Болницата располага со две високо технолошки опремени операциони сали, интензивна нега, родилна сала направена по највисоки стандарди, интензивна соба за бебиња, чекална од 230м2, поликлинички дел, центар за ин витро оплодување, најсовремена стерилизација. Греењето и ладењето на болницата е со топлотни пумпи наменети за болница и чист воздух во целата болница кој доаѓа преку клима комори специјално наменети за производство на чист воздух.

За Нас

Зад нашата болница „Д-р Органџиски“ стојат 32 години огромно искуство, упорна работа и безброј успешни и забележливи резултати.
Затоа Специјална болница по гинекологија и акушерствo Д-р "Органџиски“ Штип ја заслужи Вашата доверба и заслужува да го доверите Вашето здравје на нејзините вработени.