Анестезија и реанимација

АНЕСТЕЗИЈА ЗА БЕЗБОЛНО ПОРОДУВАЊЕ


Тимот на Специјализираната болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ е отворен да разговара со пациентите за сите нивни отворени прашања во врска со нивното здравје.

Анестезиолошкиот тим пред секоја интервенција од било кој вид и пред секој оперативен зафат, кој се нуди во оваа болница, го информира пациентот за бенефитот и ризикот од било кој тип на анестезиолошка метода.

Целта е пациентот да не чувствува никаква болка во текот на интервенцијата.

Болницата располага со најсовремен мониторинг за следење на виталните параметри на пациентот со цел да се зголеми нивната безбедност во текот на престојот.

Пред секоја операција, анестезилогот поопширно ја информира пациентката за целата постапка на вовед и будење од анестезија.

Да се стане мајка, тоа е извонредно чувство!

Тимот на Болницата „Д-р Органџиски“ дава можност за спонтано, безболно породување и породување со царски рез. Овде жените-идните мајки добиваат можност за безболна метода, која овозможува да се редуцира болката при самото породување при што жената може да ужива во самиот нејзин чин.

„Epidural“ и „Light Spinal“ е тип на аналгезија што овозможува безболно породување. Голем број жени ја преферираат оваа процедура по запознавање на бенефитите, кои ги дава истата. Оваа постапка се изведува на начин при што во епидуралниот простор, меѓу 4 и 5 лумбален пршлен, со помош на многу тенка игла, се вбризгува анестетик во комбинација со аналгетик. Исто така, постапката може да се изведе со тенок катетер, кој се поставува во епидуралниот простор при што лекот се дава во неколку дози или континуирано.

Епидуралната аналгезија може да се користи за ублажување на болките во првата и втората фаза на породувањето.

Аналгезијата почнува да делува околу 20 мин. по вбризгување на лекот, а пациентката има чувство дека контракциите стануваат помалку болни. Лекот ги блокира корените на нервите и потполно ја блокира болката. Анестезијата престанува да делува по неколку часа.

Многу трудници-идни мајки размислуваат за овој начин на ублажување на болките при породување, но се двоумат поради разни последици за кои слушале или поради стравот од самата постапка.

Еве, накратко, важни информации ЗА и ПРОТИВ епидурална аналгезија!

ЗА:
- многу ефикасна против болки во тек на породување, царски рез и други операции;
- ефикасна против болки при породување во кое се користи форцепс;
- при породување со царски рез, при што се овозможува мајката да е будна во тек на целата интервенција;
- ги олеснува долгите и потешки породувања;
- го намалува крвниот притисок, така што е ефикасна за пациентки, кои имаат висок крвен притисок во бременоста;
- дава можност за потполно емоционално доживување на свечениот чин породување, бидејки ја исклучува болката;
- се користи како метод за намалување на болка веќе долга низа години;
- се користи и за други гинеколошки интервенции и операции.

ПРОТИВ:
- може да се јават благи главоболки, кои минуваат за неколку часа;
- може да се јави пад на крвен притисок (секогаш е под контрола на лекар);
- може да предизвика гадење и повраќање во ретки случаи (ЦЕЛО ВРЕМЕ ПОД КОНТРОЛА НА ЛЕКАР);
- ограничено движење во долниот дел на телото во тие неколку часа од породувањето.

Ваквите компликации се исклучително ретки, бидејки пациентката е цело време под надзор на анестезиолог и на медицинската сестра - анестетичар. И целиот тим е вклучен во следење на пациентот. Доколку пациентката се одлучи за ваков вид на водење на анестезија во текот на породувањето, целиот стручен анестезиолошки тим од Болница „Д-р Органџиски“ стои на располагање во секое време во тек на 24 часа, сѐ со цел пациентката да ја добие најдобрата услуга и нега во текот на нејзиниот престој.