Емилија Караѓозова Стојков

✅️ Магистер по фармација, Емилија Караѓозова Стојков, одговорна на Болничка аптека во Специјализирана болница по гинекологија и акушерство ,,Д-р Органџиски" - Штип.
✅️ Дипломира на Универзитетот ,,Гоце Делчев” - Штип на Факултетот за медицински науки - магистер по фармација, 2014 година.
✅️ Го положува државниот испит и се стекнува со лиценца за работа во 2015 год. за самостојно вршење на фармацевтската дејност со што станува и член на Фармацевтската комора на Македонија.
✅️ Перманентно и континуирано, стручно се усовршување и едукацира, учествувајќи на конгреси, работилници, семинари, вебинари и стручни предавања од областа на фармацијата.
✅️ Поседува европски сертификат по компјутерски вештини ECDL Core, како и активно познавање на англиски јазик.
✅️ Има волонтирано во ЈЗУ Клиничка болница - Штип, Болничка аптека. ✅️ Има работено како професор во СОУ ,,Јане Сандански” - Штип, предавајќи повеќе фармацевтски стручни предмети.
✅️ Има работено во повеќе приватни аптеки во Штип, со што се има стекнато со големо работно искуство во областа на аптекарската дејност.
✅️ Има учествувано на повеќе семинари и работилници како што се: Петтата конференција за интелектуална сопственост во фармацевтската индустрија, Скопје 2017 год.; Безбедност на пациентите во болничка пракса; Комуникација со пациенти во аптека за вакцинација против Ковид 19 и многу други.
✅️ Поседува сертификати за учество од Националниот фармакоинформативен центар.
✅️ Има објавено статии и трудови во Списанието ,,Медикус" - информативен гласник на јавното здравство, Штип (Употреба на адитивите во прехранбените производи).
✅️ Има учествувано на Седмиот конгрес по фармација во РСМ со меѓународно учество, ,,Современи трендови во фармацијата, можности и предизвици”.

Емилија Караѓозова Стојков