Емилија Миовска

✅️ Емилија Миовска - главен ембриолог и раководител на одделот за ин витро во Специјална болница за гинекологија и акушерство Д-р Органџиски.
✅️ Дипломиран инженер по биологија - биохемиско физиолошка насока.
✅️ 2008 година завршен индивидуален тренинг за Асистирани репродуктивни технологии и ИВФ програм во болница Д-р Штерев - Софија.
✅️ Повеќе стручни усовршувања за Витрификација ( замрзнување ) и одмрзнување на јајцеклетки и ембриони во повеќе европски земји.
✅️ 2022 година има поминато обука на Витролајф во Гетеборг – Оптимизирање на кулури на ембриони.
Работно искуство:
✅️ Од 1996 година вработена во ПЗУ Д-р Органџиски Штип.
✅️ Од 2009 година работи како Биолог ембриолог во ИВФ лабораторија во ПЗУ Д-р Органџиски Штип.
✅️ Член на Македонско здружение за лабораториска медицина и наука МЗЛМН.
✅️ Член на здружение за Хумана и репродуктивна медицина на Македонија.
✅️ Член на Европско здружение за хумана и репродуктивна ембриологија – ESHRE.
✅️ Има учествувано во национални и меѓународни конгреси, симпозиуми, курсеви, тренинзи, работилници од областа на асистирани репродуктивни технологии и репродуктивната медицина.

Емилија Миовска