Хормонална Контрацепција

Планирањето на бременоста, избегнувањето на несаканите абортуси и последиците кои можат да настанат од нив, се повеќе ги бранува жените во секојдневниот живот. Хормоналните таблети даваат многу добри резултати за контрола на саканата бременост. Основна каректеристика на хормоналната контрацепција е нејзината висока ефикасност, сигурност, лесното користење и со самиот прекин на таблетите, можноста веднаш да се забремени.
Хормоналните таблети се разликуват по нивниот состав, доза и начинот на примање. Има голем избор на хормонална контрацепција што овозможува на гинекологот да го избере наjдоброто за својата пациентка. Хормоналните таблети имаат значително намалени несакани ефекти. Зголемувањето на тежината и зголемената влакнетост се веќе минато.

Хормоналните таблети имаат многу предости:

  1. Профилакca од карцином на јајниците. Докажано е дека ризикот од карцином на јајниците се намалува yште во првите 3 – 6 мсеци од почетокот на примaњето на хормоналните таблетки.
  2. Профилакca на функционални цисти на јајниците.
  3. Профилакca на карцином на маточната лигавица – ендометриjален карцином.
  4. Намален ризик од вонматочна бременост.
  5. Намален ризик од бенигни заболувања на доjките.
  6. Позитивно делување каj дисменорејата – болна менструација.
  7. Намален ризик од појава на анемија, бидејќи со користењето на хормоналните таблети менструацијата станува по слаба.
  8. Намалување на воспалителните заболувања.
  9. Намалување на процентот за ендометриоза, како и намалување на тежината на протекување на оваа болест со зголемувањето на времето на лекување со хормонални таблети.
  10. Голем број од хормоналните лекови имаат благопријатен козметски ефект на кожата.

Сите овие наброени факти докажуват дека секоја современа жена заедно со својот гинеколог може да го избере наjдобриот хормонален лек за неа со многу висока сигурност и квалитет на нејзиниот сексуален живот.