ИКСИ

ИКСИ – е процедура која е модификација на ин витро оплодувањето. При ин витро оплодувањето сперматозоидите сами ги оплодуваат јајцеклетките т.е. се смета на спонтано оплодување на двете полови клетки. Икси се прави со помош на висока технологија, специјален микроскоп и прикрепен за него микроманипулатор, се фаќа една јајцеклетка и еден сперматозоид кој потоа со помош на микроманипулаторот се сливаат т.е. сперматозоидот се инјектира директно во самата јајцеклетка.

Често се поставува прашањето дали има ризик зa бебето, зачнато сo ин витро методата?

Првоте дете зачнато сo икси методата е родено во 1992 година. Денес оваа процедура се прави низ целиот свет и категорично е докажано дека нема зголемен процент на болести, смртност, вродени аномалии кај децата зачнати со оваа метода.

bebe1