Ивана Манчева

✅️ Ивана Манчева е дипломирана медицинска сестра и специјализирана инструментарка.
🔸️Завршува средно Медицинско училиште во Штип (2006).
🔸️Дипломира на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" - Скопје на Медицински факултет - Висока здравствена школа (2009).
🔸️Завршува специјалистички студии на универзитетот Гоце Делчев - Штип Факултет за медицински науки - ВЗШ (2012).
🔸️Од 2008 до 2015 година, уште како студентка, започнува соработка со ,,Bayer Healtcare Bayer Schering Pharma" каде е ангажирана како надворешен соработник за работа со пациентите со Multiple Sclerosis.
🔸️Во 2010 година, преку проектите на Министерствата и USAID со СОУ ,,Јане Сандански" - Штип, работи како инструктор за регулирање и изведување практична настава на учениците во Клиничка Болница - Штип.
🔸️2011-2012, волонтира во Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
🔸️Во Клиничка болница - Штип работи повеќе од 11 години и тоа:
2012-2016, инструментарка во Хируршки операциони сали;
2016-2018, Одговорна сестра на Р.Е. Хируршки болести;
2018-2023, Одговорна сестра на Р.Е. Максилофацијална хирургија, а паралелно и инструментарка во оперативен блок.
🔸️Во 2015 год. се стекнува со право да спроведува надворешно оценување на болниците во постапка за акредитација.
Назначена за надворешен оценувач со сертификат и лигитимација од Медицински факултет - Скопје и Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи.
🔸️Член на:
Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи;
Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РСМ;
Асоцијација за дезинфекција и стерилизација на Македонија;
Асоцијација за афирмација на здравствени работници со специјализација на РСМ, АЗРС - Скопје;
Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки - Штип;
ЗА НАС - Здрушение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија.
🔸️Има добиено:
Пофалница од Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки - Штип и бројни сертификати за учество на стручни средби, регионални, државни и меѓународни конгреси.
🔸️Под менторство на проф. д-р Емилија Јаневиќ Ивановска работи, изработува и публикува свој специјалистички труд.
🔸️Објавен специјалистички труд во Списанието ,,Медикус" - информативен гласник на јавното здравство, Штип.

Ивана Манчева