Видови Крварења

Кога треба да се сметета дека менструацијата протекува како матково крварење?
Менструација која трае повеќе од 7 денови се смета како менструално крварeње. Крвта се губи во вид на сосироци или струјно што води до малаксаност, слабост, бледост на кожата и лигавиците и снижување на крвниот притисок.

Постојат циклични и ациклични маткови крварења.
Цикличните крварења се појавуват во деновите на менструација, додека ацикличните крварења можат да се појават во секое време, да бидат доста продолжени и да траат со недели, дури и месеци.
Основни причини за цикличните крварења се: миом на матката, ендометриоза на матката, воспаление на лигавицата ( ендометриум ) на матката, заболувања на крвта при кои е нарушена функцијата на сосирување на крвта.
Основни причини за ацикличните крварења се: хиперплазија и полип на ендометриум, хормонални нарушувања како резултат на намален прогестерон и зголемен естроген, нарушена маточна и вонматочна бременост, карцином на грлото и ендометриумот на матката.

Што треба да се направи при крварење:
Задолжително треба да се консултирате со лекар. Долгортајните крварења, дури и слаби, можат да предизвикат оштетување на животно важни органи како што се срцето и мозокот.

Основни методи за дијагноза на крварењето се:

  1. Ултразвучно испитување
  2. Киретажа на грлото и ендометриумот на матката и испраќање на материјалот за хистолошко испитување.
  3. Хистероскопија
  4. Испитување на системoт за сосирувaње на крвта
  5. Тест за бременост
  6. Хормонална дијагностика

Како се лекува крварењето?
Лекувањето на крварењето зависи од причините кои го предизвикуваат. Треба да се знае дека лекувањето е строго индивидуално и различно кај секоја жена во зависност од причините кои го предизвикуваат.