Д-р Љубица Аџи-Андов

✅️ Д-р фарм., Љубица Аџи-Андов, специјалист по медицинска биохемија, раководител на биохемиската лабораторија во Специјализираната болница по гинекологија и акушерство ,,Д-р Органџиски" - Штип.
✅️ Во 2009 година се стекнува со звање - магистер по фармација на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, а како неколкугодишен корисник на стипендијата за талентирани студенти ,,Трајче Мукаетов“.
✅️ Во 2011 год. се запишува на докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и истите ги завршува во 2017 година при што се стекнува со титулата - доктор на фармацевтски науки.
✅️ Во 2012 година се запишува на специјализација по медицинска биохемија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, а во 2017 година положува специјалистички испит.
✅️ Од 2017 година работи како специјалист по медицинска биохемија во неколку дијагностички лаборатории, меѓу кои и една од најголемите, Дијагностичката биохемиска и микробиолошка лабораторија ,,Synlab" - Скопје.
✅️ Член е на МЗМБЛМ - Македонско здружение за медицинска биохемија и лабораториска медицина.
✅️ Член на EuSpLM – European Register of Specialists in Laboratory Medicine.
✅️ Член на EFLM Academy.
✅️ Член на ФКМ - Фармацевтска комора на Македонија.
✅️ Има издадено голем број на научни трудови и има учествувано во меѓународни и национални конгреси, симпозиуми, курсеви, апликативни тренинзи и работилници од областа на медицинската биохемија и лабораториската медицина и фармација.

Љубица Аџи-Андов