Д-р Стојан Органџиски

✅️ Д-р Стојан Органџиски долгогодишен специјалист по гинекологија и акушерство - директор на Специјалната болница по гинекологија и акушерство Д-р Органџиски.
✅️ Лекар докажан со дела и многубројни успеси во својата професија со чија помош се создадени стотици нови животи, лекар што пациентот го поставува пред се и над се секогаш подготвен да помогне, да го жртвува својот приватен живот се со цел да ја оствари својата животна цел да се родат колку што може повеќе бебиња.
✅️ Животот го посветува на лекувањето брачна неплодност со што во 2008 година е најмладиот специјалист по репродуктивна медицина во Македонија.
✅️ Темелите на своето знаење ги добива од својот татко Примариус Д-р Ванчо Органџиски.
✅️ Медицински факултет со специјализација по гинекологија и акушерство завршува во Софија под раководството на најдобрите професори: Караѓазов, Доганов, Иванов, Чернев, Налбански, Ангелов, Славчев, Мазнејкова, столбови на бугарската гинекологија и е отценет уште како специјализант за лекар со голема перспектива.
✅️ Најголем дел од специјализацијата ја поминува во одделите на родилна сала, оперативна гинекологија и одделот за брачна неплодност. Со Професор Д-р Божидар Славчев учестува во најсложните гинеколошки операции понекогаш со траење на повеќе од 12 часа.
✅️ Субспецијализација по репродуктивна медицина и ин витро оплодување и сите вештини во оваа област ги добива од професор Штерев првиот гинеколог што успеал да го добие првото бебе од ин витро процедура и ембриолог Димитар Баров кој е првиот ембриолог што го зачнале првото бебе во Р. Бугарија заедно со професор Штерев.
✅️ Потоа своето знаење го надоградува од светски познатите ембриолози Алфред и Татјана Книевалд што го имаат добиено првото бебе во Германија од криопрезервирани ембриони во Ерланген Германија и помогнале во формирањето на над 26 ин витро центри по целиот свет.
✅️ Посетува многубројни светски конгреси во Европа и постојано го надоградува своето знаење.
✅️ Заедно со Д-р Верица Органџиска негова сопруга се најдобрите хистероскописти на хистероскопска обука организирана од европското здружение за хистероскопија каде има учесници од цела европа со претседател Бранка Зегура и го освојуваат првото место.
✅️ Ги владее сите дијагностички методи колпоскопија, гинеколошки ултразвук и фетална морфологија.
✅️ Ги поседува сите човечки квалитети човечност, добрина, трпение, разбирање.
✅️ Професор Иванов раководител на најголемата болница по гинекологија и акушерство во Бугарија, Софија Мајчин дом најголемата и престижна гинеколошко акушерска болница дава мислење во тоа време за Д-р Стојан Органџиски. Од тогаш до сега поминале речиси 20 години.
✅️ За време на специјализацијата Д-р Стојан Органџиски покажа одлична работна дисциплина, одговорност кон клиничките задолженија, упорност и истрајност при совладување на практичните умеења.
✅️ Вклучувајќи се активно во терапевтската и административна работа во различните болнички клиники Д-р Стојан Органџиски се утврди како амбициозен и свесен млад лекар со одлични можности за адаптација и работа во колектив.
✅️ За време на специјализацијата се здоби со длабоки теоретски знаења што успешно ги применува во пракса.
✅️ Со пациентите се однесува со неопходната човечност, со која ја добива безрезервната доверба од пациентите.
✅️ Сметам дека Д-р Стојан Органџиски се справи одлично со задачите на специјализацијата, ќе ја оправда укажаната доверба и ќе се развие во перспективен и успешен професионалец.
✅️ Неговите резултати не се случајни. Затоа неговата девиза за успех што стои гордо испишана во болницата е:
✅️ НАЈДОБАР НАЧИН ДА ЈА ПРЕДВИДИТЕ ИДНИНАТА Е САМИТЕ ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ!

Д-р Стојан Органџиски