Ана Тодосиевска

✅️ М-р Ана Тодосиевска - Менаџер за финансии во Специјална болница по гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“ - Штип.
✅️ Искусен финансиски и бизнис аналитичар со повеќе од петнаесет години работно искуство во финансискиот сектор.
✅️ Во 2004 година дипломира на Економски Факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски “- Битола, отсек меѓународна економија, а подоцна магистрира со просек 10.00 на Економскиот Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на катедрата за Финансиско известување и ревизија.
✅️ Својата кариера ја започнува во 2005 година во ПроКредит Банка А.Д. Скопје на позиција Kредитен аналитичар за подоцна да биде промовирана на позиција Kредитен координатор.
✅️ Во 2015 година кариерата ја надоградува во Комерцијална Банка А.Д. Скопје - Сектор за работа со население.
✅️ Во 2017 година се приклучува кон тимот на Охридска Банка А.Д. Скопје на позиција - Соработник за односи со правни лица каде главен фокус е промоција и продажба на банкарски услуги и анализа на финансиски извештаи на компаниите. Со спојувањето на Охридска Банка А.Д Скопје и Шпаркасе Банка А.Д. Скопје кариерата ја продолжува во Шпаркасе Банка на позиција Account Manager.
✅️ Поседува сертификат за завршена обука по сметководство од ПКФ Нова Консалтинг Скопје.
✅️ Сертификат за завршени обуки за: лидерски вештини, финансиска анализа, стратешко планирање и буџетирање.
✅️ Во моментов е на специјализација на Академијата за банкарство и информатичка технологија во Скопје за стекнување на меѓународен контролинг сертификат за Финансиски Контролер.
✅️ Главен фокус и поле на интерес ѝ се: стратешко планирање и буџетирање, финансиска анализа, финансиско известување и финансиски контролинг.
✅️ Нејзината мисија е преку правилно менаџирање на трошоците да се постигнат најдобри резултати што ќе овозможат врвни услуги на пациентите по конкурентни цени.

Љубица Аџи-Андов