Миом на матката

Миомoт на матката е ( бенигни ) доброќуден тумор на матката.
Причините за појавата на миомoт сеуште се непознати. Се знае дека миомoт е хормонски зависен тумор и дека за неговиот раст неопходен услов се естрогените.
Миомoт расте при давање на естрогенска терапија и бременост, а се намалува за време на менопауза. Се развива често кај жени со покачена телесна тежина, хипертензија и мастопатија. Честа е и комбинацијата на миом со ендометриоза,  хиперплазија на едометриумот и полицистични јајници. Миомите можат да бидат со големина од оризово зрно до големина на детска глава.  Можат да се сретнат три основни вида: субсерозни - расположени на површината на матката, интрамурални - расположени во самиот ѕид на матката и субмукозни, кои проминираат во лигавицата на матката. Има и миоми сместени во грлото на матката, таканаречени цервикални миоми. При појава на миом во ligg.latum тој миом се нарекува интерлигаментарен. Миомите имаат бледорозеникава боја.

Клинички симптоми
Во најголем број од случаевите предизвикуват абнормално ендометриjално крварење - хиперменореја, метрорагија, менометрорагија. Типот и големината на крварењето претежно зависат од локализацијата на миомите. Најобилно крварење има кај субмукозните миоми. Болки нормално нема, но може да се јават за време на овулација или пред појава на циклус. Болка може да има при торзија на миом ( усукување ) при што тој некротизира. При некроза се зголемува и телесната темперaтура и се покачуват леукоцитите. Поголемите миоми можат да предизвикат компресија на соседните органи, како на пример мочен меур, уретер, ректум и други. Миомите на матката можат да предизвикаат и стерилитет (брачна неплодност ), а при постигнување на бременост и спонтан абортус.

Дијагноза – се поставува најчесто со помошта на ултразвучен апарат.

Лекување – Начинот на лекување зависи од возраста на пациентката, локализацијата на миомoт, симптоматологијата, прогнозата за можните компликации и од изкуството на специjалистот. Под набљудување можат да се остават пациентки без симптоми, но при сигурна диjагноза, локализација и големина на миомoт. Контролни прегледи се прават на секои 6 месеци. Конзервативното лекување е во насока на анемијата и крварењето. При често, обилно и продолжително крварење лекувањето е по оперативен пат.

Миомите се доброќудни тумори и изклучително ретко поминуват во малигна болест ( сарком ).