Јордан Манасиевски

✅️ Доктор Јордан Манасиевски е врвен специјалист по неонатологија.
✅️ Доктор - педијатар со непроценливо искуство во европските клиники во Германија, Србија, Словенија...
✅️ Има работено на Одделението за неонатологија во Минхен, Германија, на Државниот оддел во Гармиш – Партенкиркен.
✅️ Последниве две години и четири месеца има работено во Марибор, Словенија.
✅️ По завршувањето на средното образование се запишува на Медицински факултет во Скопје, а студирањето го завршува на Медицинскиот факултет во Белград каде и дипломира.
✅️ Како еден од најдобрите студенти на Медицинскиот факултет во Белград, е задржан да се вработи на Детската клиника во Белград, а потоа по потреба работно го ангажираат и во Приштина.
✅️ Завршува специјализација во рекордно време со највисок просек (1991), а потоа завршува и субспецијалистички студии (1998).
✅️ Магистрира на Медицинскиот факултет во Крагуевац во 2004 година.
✅️ Докторат од областа на неонатологијата во рамки на Клиничко болнички центар – Љубљана.
✅️ Неговото стручно доусовршување се реализира во Словенија и во Италија.
✅️ Со големо задоволство и со посебна чест се вработува во Болницата „Д-р Органџиски“ – Штип, која прераснува во водечка приватна здравствена установа од областа на гинекологијата и неонатологијата во Македонија и пошироко.
✅️ Оженет со Снежана Манасиевска. Татко на две деца, Живко и Марија Манасиевски.

Јордан Манасиевски