Никола Ќулафковски

Доктор Никола Ќулафковски е специјалист педијатар со огромно искуство.

Завршува Општа медицина на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 год.

2002 година му е стажантска година и истата година положува државен испит.

Поседува ,,Beruferlaubnis" (работна дозвола) за престој и работа во Детската клиника во Нирнберг, Германија (2014 - 2016).

Специјализира на Педијатрија на Медицински факултет - Скопје и го положува специјалистичкиот испит по Педијатрија.

Работно искуство:

Специјалист Педијатар на Детско одделение во Општа болница-Велес (март 2022 - јули 2023);

Специјализант по Педијатрија на УК за Детски болести во Скопје (2016 - 2022);

Секундарец на Детско одделение во Општа болница - Велес (2015 - 2016);

Gastarzt (Доктор гостин) во Детската клиника во Нирнберг, Германија (2014 - 2015);

Доктор во Службата за имунизација на деца и развојно советувалиште во Здравствен дом - Велес (2007- 2014);

Матичен доктор во селата во околината на Велес во Службата за општа медицина, Медицински центар - Велес (2005 - 2006);

Доктор во Службата за Итна медицинска помош во Медицински центар - Велес (2002 - 2004);

Стажант во Медицински центар - Велес (2001-2002).

Семинари и конгреси:

Учесник на Педијатриска школа во Златибор, Србија (2017);

Учесник на ,,Salzburg Open Medical Seminare" за Педијатриска имунологија и алергологија, Салцбург, Австрија (2017);

Учесник на Форумот за ретки болести (Cystinosis), Виена, Австрија (2016);

Учесник на повеќе конгреси во Македонија, Србија и Бугарија со сопствени теми (2002 - 2014).

Проекти:

Доброволна работа на повеќе проекти на различни теми и тоа: СИДА, зависности, Превенција на бременост итн.

Членства:

Член на Црвен крст и Црвена полумесечина на Македонија;

Член на ЛКМ, Претседател на општинскиот огранок на ЛКМ за Велес (2013 - 2017);

Член на Баварска лекарска комора (2014 - 2015).

Доктор спец. педијатар Никола Ќулафковски е клучен дел од нашиот тим.

Никола Ќулафковски