Д-р Верица Органџиска

✅️ Д-р Верица Органџиска е единствениот лекар во Македонија специјалист акушер гинеколог, во исто време и ембриолог со повеќе од 14 години работно искуство.
✅️ Завршува Медицински факултет во Софија со највисок успех и специјализација по гинекологија и акушерство во Скопје.
✅️ Ги владее сите современи техники во ембриологијата и ин витро оплодувањето.
✅️ Го воведе методот на бавно замрзнување ембриони (slow freezing), под раководството на Алфред Книевалд, еден од водечките признати светски ембриолози, кој има работено во центарот за ин витро оплодување и хумана генетика - Ерланген Германија и помогнал во основањето на 26 ин витро центри ширум светот.
✅️ Под нејзино раководство е воведена и витрификација на ембриони - познато како брза метода на замрзнување.
✅️ Ја воведува и методата IVF-ICSI за лекување на машката неплодност што значи директно внесување на сперматозоид во јајцеклетката.
✅️ Член на европското здружение за хумана репродукција ESHRE.
✅️ Има освоено прва награда и на практичен и на теоретски испит за хистероскопски операции, организирана од Европоското здружение по хистероскопија, одржано во Марибор.
✅️ Има многубројни обуки, симпозиуми низ целиот свет и Европа, со цел постојано усовршување и подобрување на знаењето.
✅️ Лидер во колпоскопијата, гинеколошката дијагностика и феталната морфологија.
✅️ Преполна со човечност, секогаш подготвена да помогне, да пружи рака. Го жртува и својот приватен живот само со една цел - да се родат колку што може повеќе бебиња.
✅️ Со ваков кадар не може да се пофали ниту една клиника во нашата држава, затоа Д-р Верица Органџиска е нашата гордост, радост, иднина.

Верица Органџиска